Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во скопска Железара

Четириесет и осум часовен притвор добија две лица поради убиството на матичниот лекар во скопска Железара. Јавен обвинител од основното јавно обвинителство синоќа до судија на претходна постапка доставил предлог за одредување на мерка краткотраен притвор од 48 часа за две лица кои претходно беа задржани во врска со убиството за докторот.

Предлогот е прифатен и бараната мерка е определена, потврдија од кривичен суд.

- Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за определување мерки за претпазливост притв две лица кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, а поврзани со убиството на лекар во населабата Железара, донесе решнија со кои предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје за опредлеување мерка краткотраен куќен притвор против Г.Д. и И.Д. за кои постои сомнение за кривичното дело Убиство од чл. 123 ст. 1 се прифаќа и им се определува 48 часовен куќен притвор. - велат од Основен кривичен суд Скопје.

Мотивите за убиството се уште се истражуваат. Според првичните наоди не се поврзани со професијата на убиениот. Шеесет и седумгодишниот лекар, минатата недела беше пронајден мртов со неколку убодни рани во неговиот автомобил паркиран пред поликлниката Железара каде имал приватна ординација.

Според соопштението од полицијата, го пронашле неговите синови кои тргнале да го бараат откако не се вратил дома од работа.