До 11 часот гласале 229.373 избирачи: Најголема излезност во Крива Паланка, најмала во Врапчиште

Претседателски избори 2024 Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

На првиот круг од претседателските избори 11 часот на гласање излегле 229.473 или 11,78 отсто од вкупниот број на избирачи.

Најголема излезност во првиот круг од претседателските избори до 11 часот има во Крива Паланка, каде што на гласање излегле 22,50 отсто од регистрираните избирачи. Најмала излезност, пак, има во Општина Врапчиште, каде што на гласање излегле 4,32 отсто од регистрираните избирачи.

Во скопските општини, најголема излезност до 11 часот има во Карпош, каде што гласале 17,95 отсто од избирачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот