Уште пет дена до крајот на претседателската кампања

Паралелно со кампањата за парламентарните избори, овие пет дена се одвива и кампањата за претседателските избори.

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски ќе има митинзи во Демир Капија и Гевгелија.

Кандидатката за претседател на вмро дпмне, гордана силјановска давкова ќе биде во Охрид. Коалицијата „Европски фронт“ и нивниот претседателски кандидат Бујар Османи најави активности во Скопје, како и централен митинг во Куманово. Во Куманово митинг ќе има и движењето ЗНАМ и претседателскиот кандидат Ммаксим Димитриевски.

Претседателскиот кандидат на коалицијата вреди Арбен Таравари одржа прес конференција. Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска кампањата за претставување на изборната програма ја продолжува со митинг во Велес а претседателскиот кандидат на Гром, Стевче Јакимовски во Гевгелија, Ново село и Струмица.