05 Мај, 2024
0.0249

НОВИ ОТКРИТИЈА ПО УБИСТВОТО НА БАБАТА ОД СТРУМИЦА, уапсен скопјанец за нелегална трговија со оружје

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Истрагата на убиството на М.Б. од Струмица утврди и нелегална трговија со оружје, и резултираше со апсење на уште едно лице. 

Како што информираат од МВР, вчера службеници од Секторот за насилен криминал и од Единицата за недозволена трговија со оружје при СВР Скопје бил лишен од слобода И.Б.(57) од с.Копаница, скопско.

- Имено, по претходно добиена судска наредба за претрес од страна на Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, полициските службеници извршиле претрес во домот на И.Б., при што пронашле еден пиштол „Стаер“ со две соодветни рамки и 61 куршуми калибар 9 мм.

Од спроведената истрага утврдено е дека пиштолот потекнува од кражба извршена на 20.01.2023 во домот на М.Б. во Струмица од страна на нејзиниот роднина П.И.(25) од Струмица, кој на 23.01.2023 е лишен од слобода поради нејзино убиство и веќе издржува мерка притвор од 30 дена - се наведува во соопштението на МВР.

Од таму додаваат дека во координација со Управата за извршување на санкции вчера во вечерните часови извршен е претрес и во КПУ Идризово каде се пронајдени дополнителни докази во врска со извршеното кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. 

По комплетно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик до надлежното ОЈО Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден