Во делчевскиот регион падна првата снежна покривка. Според информациите од надлежните, снежната покривка на територијата на Општина Делчево е најизразена на повисоките места и планините.

-Патиштата се проодни, наша механизација е присутна на Граничен премин Делчево, село Разловци и село Панчарево. Снегот во моментот во Делчевско врне на потегот до месноста Баткова Чешма, информираа од ЈП Македонија Пат. Тие упатија препорака за внимателно возење на патниот правец Делчево – М.Каменица поради можните одрони. Поради снегот утрово сообраќајот во овој дел од државата се одвива по влажни коловози


Администратор
26/01/2023 20:00