logo
logo
logo

Сапуницата во Барса продолжува: Чави ќе добие отказ поради неговата изјава

Vecer | 17.05.2024

Сапуницата во Барса продолжува: Чави ќе добие отказ поради неговата изјава

Дебаклот во Барселона продолжува. Откако Чави Хернандез на прес-конференцијата пред мечот со Алемрија изјави дека каталонскиот гигант нема пари да се натпреварува со Реал Мадрид, а за да може да ги стигне ќе треба да земат вистински засилувања. Тој истовремено ги потсети навивачите дека оваа Барселона нема никаква доприна точка со трофејната Барселона.

„Навивачите мора да разберете дека оваа Барселона не е онаа од пред 25 години. Но, мораме да го засилиме тимот ако не сакаме се да остане како што е“.

Поради она што го кажа тренерот, според Марка во клубот започнало „цунами“, додека пак „Ас“ е многу поконкретен и пишува дека бесниот претседател Жоан Лапорта наредил на спортскиот директор, Деко да започне потрага по нов тренер.

„Управата на Барселона врши голем притисок врз Лапорта да го отпушти Чави. Од тренерот и неговиот штаб беше побарано да го напуштат клубот“.

Чави ја разочара управата бидејќи на состанокот со Лапорта зборувал сосема нешто друго, не со таков песимизам. Неговата презентацијата била полна со верба во тимот и ресурсите што ги има и истакна дека за подобрување на натпреварот потребни се само неколку лесно остварливи промени.

Таквата радикална промена во неговиот настап во јавноста, предизвикало толкаво негодување што Лапорта и Деко вчера не отидоа со тимот во Алмерија ниту беа на натпреварот.

Чави минатата сезона ја предводеше Барселона до титулата во Ла Лига, но оваа сезона не успеа да ја одбрани против Реал. Во Купот на кралот веќе беше елиминиран во четврт-финалето. Во Лигата на шампионите беше елиминиран во истата фаза, иако го доби првиот натпревар против ПСЖ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk