Нивоата на речиси сите реки во земјава се зголемени во однос на јануарскиот просек. Покачувања бележат и Охридското и Преспанското езеро. Но, во однос на вчерашниот ден, водостоите се генерално намалени.

Според денешните мерења на УХМР, во однос на вчера зголемени се нивоата на Вардар кај Демир Капија, на Бабуна кај Богомила, на Брегалница кај Берово, на Црна Река кај Новаци, како и на Црн Дрим кај Ложани.

Покачувања се измерени и кај Дојранското и Охридското Езеро.


Администратор
26/01/2023 16:17