Георгиевски: Во тек јавни повици за грант до 10.000 евра за производители на храна

Поддршката за малите винарии во форма на грантови продолжува и оваа година. Нивниот успех, оваа 2023 година ќе биде пресликан и на малите производители на храна.
Во тек се два јавни повици за доделување на неповратна финансиска поддршка во висина до 10.000 евра на мали производители на храна од животинско и неживотинско потекло, истакна денеска Гоце Георгиевски од Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.
-Нашето национално богатство, традиционалните производи, преработките од овошје и зеленчук, млеко и месни производи се главниот фокус во поддршката која им е овозможена на земјоделските стопанства, кои се регистрирани или евидентирани во Регистарот кој го води Агенцијата за храна и ветеринарство, за продажба од куќен праг. Ваква силна поддршка, за малите земјоделски бизниси немало никогаш досега, рече тој.
Според Георгиевски, само до пред неколку години, во Регистарот на производители на вино, имало само четириесетина винарии.
Денеска, само две години откако ги направивме измените во Законот за вино и овозможивме регистрација на мали семејни винарии, бројката на регистрирани винарии е над 200. Најголема заслуга за тоа ја има Владата предводена од СДСМ, бидејќи го препознавме потенцијалот кој го имаат нашите лозари, и минатата година за прв пат во историјата на независна Македонија се спроведе специјална програма за финансиска поддршка на малите винарии. Таква поддршка искористија 59 мали винарии, со грантови до 10.000 евра, додаде Георгиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот