logo
logo
logo

Турција тврди дека ја открила шпионската мрежа на Мосад, приведени седум лица

Vecer | 05.03.2024

Турција тврди дека ја открила шпионската мрежа на Мосад, приведени седум лица

 Во заедничка операција на турската национална разузнавачка служба (МИТ) и Одделот за антитероризам на полицијата во Истанбул, приведени се седум лица осомничени дека и дале информации на израелската разузнавачка служба Мосад, јавуваат турските медиуми.

Според извори од турските безбедносни сили, меѓу приведените е и приватниот истражител и поранешен државен службеник Хамза Турхан Ајберк, кој учествувал во утринските емисии на локалната телевизија.

Мосад воспостави контакт со Ајберк преку агент со кодно име „Викторија“.

Според турските разузнавачки служби, Ајберк давал информации на Мосад во замена за награда од криптовалути.

За да собере информации, вклучително и за активностите на поединци и компании од Блискиот Исток во Турција, тој формирал група во која имало владини претставници.

Хамза Турхан Ајберк бил обучен во Белград во 2019 година и најпрвин израелските разузнавачи му довериле едноставни задачи, велат изворите.

Во координација со Мосад, Ајберк користел шифрирани апликации за комуникација.

Освен со пренесување информации, Ајберк се занимавал и со закани и надзор.

Ајберк му ја дал на Мосад локацијата на целите со уред за следење што го ставал на нивните возила, ги малтретирал и понекогаш ги заплашувал, велат изворите. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk