Виктор Давидовски ќе ја стартува седмата сезона во ТЦР Европа
Виктор Давидовски се подготвува за новите предизвици и својата седма сезона во ТЦР Европа натпреварувањето.
Македонскиот возач е единствениот во оваа серија, за прв пат во ТЦР Европа настапуваше во 2017 година.
Минатата година Давидовски успеа да се искачи на високата четврта позиција во генералниот пласман.
Четири години се натпреваруваше со Honda Civic и две со Audi RS 3, а оваа сезона ќе вози Cupra Leon VZ од најновата генерација.
Повторно за тимски колега ќе го има Франко Џиролами од Аргентина, и двајцата ќе бидат дел од тимот на Monlau Motorsport каде трет возач е младиот 17-годишен Ерик Жене.
Според календарот сезонава ќе има шест тркачки викенди, првиот е во Италија (19-21 април).