[ВИДЕО] Најбрзиот хуманоиден робот на светот

Точка

08/04/2024

16:54

8.956

Големина на фонт

а а а

Компанијата „Unitree“ го направила првиот хуманоиден робот, а „H1“ е во предност во однос на сите други слични машини.

Роботот „H1“ предничи кога е брзината во прашање, а покрај тоа е и најмоќен и најфлексибилен од хуманоидните роботи на другите компании.

Моментално го држи светскиот рекорд во роботска брзина – 3,3 метри во секунда, а може самостојно да оди и да трча и по сложени терени. Користи „3D Lidar“ камера благодарение на која добива детални информации во окружението. Нозете се направени така што можат да понесат голем товар, што ја подобрува силата и флексибилноста. Тоа значи дека овој робот може да врши широк спектар на различни задачи.

Ова не е први пат некој робот на компанијата „Unitree“ да се најде во фокусот – кучето робот на „Unitree“ во април 2022-ра година пронајде место во зоолошката градина во Сиднеј, откако вработените одлучиле да испитаат како животните реагираат на неговото присуство. Роботот го добил името „Sparky“, а се нашол во кафез со два гепарди. Животните не биле најсреќни, но машината успеала да се снајде.



Спонзорирани линкови

Маркетинг