ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди
Објавено во: Економија 24 Април, 2024
Расте и цената на бакарот.
Цената на бакарот на лондонската берза LME е на највисоко ниво во последните 2 години, односно се тргува за 10.000 долари за тон.
Извори од бакарната индустрија велат дека поскапувањето делумно е резултат на намалувањето на залихите во магацините регистрирани во LME, за цели 35 отсто во однос на октомври лани, на 121.200 тони.
Дополнителен поттик на цените е намалената понуда на бакарен концентрат по затворањето на рудникот Кобре во Панама и оценката на рударскиот гигант Anglo American за намаленото производство.
Некои аналитичари сега очекуваат значителен недостиг на пазарот, од околу 26 милиони тони годинава.Големи количини има во Јужна Америка.