Серафимовска за ТВ 24: Не очекувам позитивна кампања на парламентарните избори

Универзитетскиот професор Елеонора Серафимовска во емисијата 24 анализа рече дека нивото на политичка култура во Македонија назадува во последните години и не оди напред. Во првиот круг, претседателските кандидати внимаваат каква кампања тераат.

- Таа е неутрална или попозитивна и ако се направи споредба со изминатите избори, многу повеќе внимаваат и помалку е присутна непријателската ретоика на оцрнување. Ништо нема да се смени во однос на гласањето, може треба да се покреативни кандидатите. Не очекувам позитивна кампања на парламентарните избори. Допрва ќе слеи таму заострувањето. - вели Серафимовска