Компаниите бараат програми за доквалификација на работната сила, а партиите ветуваат преполовување на невработеноста

Во време кога на пазарот на труд има над 6500 празни работни места бројот на работници во индустријата се зголемил само за 1,7 отсто на годишно ниво.  Податоците од официјалните извештаи на државните институции покажуваат дека во преработувачката индустрија каде се вработени најмногу луѓе, бројот на работници е зголемен само за 1,5 отсто. Позначителен раст на бројот на работени е забележат во рударскиот сектор, енергетските компании, градежништвото и металната индустрија. 

„Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4.3 %, Капитални производи за 16.0 % и Tрајни производи за широка  потрошувачка за 11.5 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.9 %.“ - велат од Државен завод за статистика.

А на пазарот на труд недостасуваат работници во речиси сите сектори, Најмногу во моментов се потребни во угостителството. Но, податоците од Агенцијата за вработување може да се види дека компаниите имаат потреба и од  архитекти, економисти, продавачи и магационери, возачи, градежни работници, стручни занаети. Потребата од работен кадар е една од најголемите маки на бизнис секотор во земјава. Бизнисот веќе побара од идната влада да се изработат програми за ангажирање на дел од 100те илјади невработени лица кои се под Агенцијата за вработување. И институтор за економски анализи Фајнанс Тинк објави истражување кое покажува дека невработените во земјава мора да се преквалификуваат.

„Речиси 60% од регистрираните невработени лица се без одредено занимање, со ниско или без образование. Оттука, подлабоката регионална интеграција на пазарот на труд може да поттикне мобилност која ќе го зголеми достапниот сет вештини на пазарот, а за лицата во суфицитарните занимања со повисоки вештини ќе понуди повеќе можности за вработување и заработка.“ - велат од Finance Think  Институт за економски анализи и политики.

А едно од главните ветувања на партиите во ова предизборие е дека невработеноста во следните четири години ќе ја намалат на едноцифрено ниво. Во моментов, невработеноста во Македонија изнесува 13 отсто.