Судија повторно го прогласи Трамп за виновен, му се заканува затворска казна

Доналд Трамп / Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

На поранешниот американски претседател Доналд Трамп му се суди во Њујорк, каде тој е обвинет за фалсификување деловни извештаи со цел да се прикрие исплатата за порноѕвездата Сторми Даниелс непосредно пред изборите во 2016. Ова е првпат во историјата на поранешен претседател на Соединетите Американски Држави да му се суди по кривична пријава, пренесуваат светските медиуми.

Во меѓувреме судијата Хуан Меркан која го води случајот на Трамп по десетти пат го казни поранешниот американски претседател како што вели таа поради непочитување и прекршување на одлуката за коментирање на случајот во јавност за кој тој самиот беше и обвинет.

„По 10-ти пат ве прогласувам за виновен за кривично дело“, изјави Меркан, откривајќи дека Трамп ја прекршил забраната кога дал изјави за поротата на 22 април за време на интервјуто за Гласот на Америка, откако судењето веќе започнало.

Судијата Меркан изјави дека казните од 1.000 долари за сторениот прекршок на Трамо „не делуваат како одвраќање“ и се закани дека ќе го затвори поранешниот претседател.

„Господине Трамп, последното нешто што сакам е да ве затворам, вие сте поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, а можеби и следниот претседател“, рече Меркан, директно обраќајќи му се на Трамп, пренесе Ројтерс.

Инаку, минатиот април, Трамп се изјасни за невин по обвинението од 34 точки, во кое се товари за фалсификување деловни документи со цел да се прикрие исплатата за порноѕвездата Сторми Даниелс во 2016 година од страна на неговиот тогашен адвокат Мајкл Коен, се со цел да се зголемат шансите на Трамп за победа на претседателските избори во 2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот