<b><i>Камери и дронови насекаде низ Малме</i></b>
Овогодинешната Евровизија се одржува во арената Малме, а низ градот има полициски патроли, а поставени се и специјални надзрозни камери и дронови.
Од полицијата наведуваат дека фановите не треба да се грижат и можат мирно да го следат натпреварувањето.
Полицијата соопшти дека за време на натпреварот во градот ќе се користат специјални камери и дронови.
„Камерите ќе ни овозможат во реално време да создадеме многу добра слика за тоа што се случува во областите каде што се одржува Евровизија, со цел да собереме информации за стратешки важни места, знаејќи колку полицајци треба да бидат распоредени на одредена локација и со можност брзо да интервенираме доколку има инциденти“, изјави Џими Линдин, кој е задолжен за надзорните камери во полицијата.
Сепак, шведската полиција соопшти дека љубителите на Евровизија не треба да бидат загрижени поради високите безбедносни мерки и тензиите по избувнувањето на војната во Појасот Газа.
Портпаролот на шведската полиција, Џими Модин, пак, за новинската агенција ПА изјави дека мерките првенствено се однесуваат на безбедносните служби, а на скала од еден до пет, Шведска е на четвртата точка на закана од тероризам, објави Стандард.
„И, се разбира, го вклучуваме ова во нашата работа за планирање на безбедноста што ја преземаме, но важно е да се напомене дека нема директна закана за Евровизија“, рече Модин.
<span class="source" style="margin: 0px; box-sizing: border-box; color: rgb(119, 120, 122); font-size: 12px; line-height: 18px; text-align: right; display: block; letter-spacing: 0.75px;">EPA-EFE/Johan Nilsson</span>
Тој додаде дека во четврток се очекува протест за поддршка на Палестина, кога ќе настапува претставничката на Израел, Еден Голдан.
Сепак, Модин не сакаше да го прецизира бројот на полицајци кои ќе бидат на улиците на Малме за време на натпреварот.
Претходно беше најавено дека на помош на шведската полиција ќе дојдат колеги од Данска и Финска.
Настанот се одржува во арената Малме, а полицијата го зголеми нивото на безбедност и ги прошири безбедносните мерки. Како што беше претходно наведено, на овој настан се очекува да присуствуваат околу 100.000 луѓе.
Шведскиот јавен сервис SVT на крајот на април објави извештај за заканите поврзани со одржувањето на музичкиот натпревар во Шведска и дека се можни сајбер напади и граѓанска непослушност.