ВИДЕО Се сруши руски воен авион, пилотот се катапултирал

Силен стратешки бомбардер се урнал поради „технички дефект“ на територијата Ставропол, додека четворица членови на екипажот се катапултирале, соопшти руското Министерство за одбрана.

Тројца се пронајдени, додека по четвртиот се уште трае потрагата.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како стратешки бомбардер гори додека паѓа.

– Авионот Ту-22М3 на руските воздушни сили се урна во областа Красногварде при враќање на матичниот аеродром – соопшти гувернерот на Ставропол Владимир Владимиров и додаде дека двајцата пилоти се префрлени во медицински установи.

Ту-22М3 кој се урна, наводно претходно истрелал ракети Х-22 врз цели во областа Одеса.

https://twitter.com/MyLordBebo/status/1781188980492345729?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1781188980492345729%7Ctwgr%5Ef25682469ace49380afe7c3a6693c4a9c19fa4df%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fpulsembed.eu%2Fp2em%2Fb19X4aN0m%2F

– Ту-22МС беше без муниција и немаше никакво уништување на теренот – се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Русија.

Според неофицијални информации, авионот се урнал на 400 километри од границата со Украина.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното