ВИДЕО: Се појави снимка од Москва, вака започнало пукањето – има загинати…

Во Москва околу 18:30 часот по средноевропско време се случи терористички напад во концертната сала „Крокус сити хол“.

Руските медиуми јавија дека најмалку три маскирани лица влегле во зградата и извршиле напад во кој според очевидци има десетици мртви и ранети. Според извештаите, лица во маскирни униформи, од кои најмалку тројца, влегле во приземјето на зградата и отвориле оган од автоматско оружје.

На социјалните мрежи се стримуваат видеа кои прикажуваат грозоморни сцени од напади. На еден од нив наводно почнало пукање на сред концерт. Луѓето мирно го следеле концертот кога одекнале првите истрели, а потоа настанала паника.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното