Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае
Објавено во: Македонија 07 Мај, 2024
Булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае во Карпош е затворен за сообраќај поради тешка сообраќајна несреќа која се случила помеѓу две возила кај мостот Влајко во доцните вечерни часови.
Првично, нема информации за жртви,но може да се види дека еден од автомобилите е буквално пресечен на половина и задниот дел е исфрлен во тревникот.
МВР го регулира и пренасочува сообраќајот кај бензинската станица на „Макпетрол“. Од снимките,може да се каже дека до судар дошло помеѓу „Ауди“ и „Шевролет Спарк“.
Според очевидци, ударот настанал на самата крстосница. Едното возило се вклучувало на булеварот, а другото се движело по него со огромна брзина.