Анализи

Е – трговијата со храна не е (сѐ уште) за секој

19 мар 2024

Демократизацијата на онлајн купувањето на намирници трае подолго отколку што првично се очекуваше. Тие очекувања пред се беа засновани на „хајпот“ кој настана за време на светската ковид пандемија. Постојаниот раст на трошоците ги навел продавачите на мало да ги ограничат трошоците, кои се однесуваат на вработените. Воведувањето на самоуслужни каси, електронски цени на полиците и автоматското нарачување, имаат за цел да ја зголемат продуктивноста на вработените. Во сегментот на онлајн порачките на храна, целта е да се заменат возачите и куририте, кои се многу ограничени до последниот чекор до купувачите.

Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар

Се зголемува јазот помеѓу трошоците и физичката и дигитална малопродажба . Ниту еден продавач не сака да ги изнесе јасните податоци за е – трговијата со храна како свој центар на профит. А во време кога притисокот врз трошоците  е се поголем, многу трговци со мешовита роба го преиспитуваат своето онлајн тргување и неговото влијание врз крајниот резултат. „Ахолд Делез“ е еден од најнапредните омниканални трговци со храна во Европа, кој на крајот на минатата година ја продаде својата компанија за онлајн достава на намирници „Фреш директ“ во САД, на компанијата за брза трговија „Гетир“. Според зборовите на генералнит директор на „Ахолд Делез“, Франс Мулер, оваа продажба би требало да помогне во финансирањето на инвестициите во следните квартали. Очигледно дека „Фреш директ“ не бил профитабилен, иако работел во најгусто населените квартови на Њујорк, со фокус на локалните свежи производи со високи маржи.

Работниот модел „е – храна“ изгледа дека не е оперативен. Лидерот на литванскиот пазар, „Максима“, потврдува дека онлајн трговијата со намирници е буре без дно. Иако, од европска перспектива не е ни приближно толку значаен како „Ахолд“, „Максима“ е еден од ретките трговци на мало кој што редовно ги објавува финасиските резултати од својата е – трговија со храна, кој е претставен како посебен сегмент на работење. „Максима“ минатиот месец ја згаснала компанијата „Барбора“ во Полска, која што започнала со работа во 2021 година  и се бавела со достава на храна. Оваа одлука изгледа оправдана кога ќе се спореди влијанието на нејзиното ширење  во доменот на е – трговијата со резултатите на групацијата: за најновите достапни податоци од 2022 година, „Максика група“ пријавила оперативен приход на ниво на групацијата од 182 милиони евра. Впечатливо е негативното влијаниет на Ебтда од 23,7 милиони евра од онлајн делувањето на на „Барбора“, главно поради ширењето на влијанието на услугите од доставата до дома од сопствените „дарк сторс“ во Полска. Растот на бруто приходите од е – трговијата од 4,8 отсто на годишно ниво, очигледно не ги оправда инвестициите во овој потфат.

                                                   

 Дури ни исклучителните онлајн играчи во Европа сѐ уште не достигнале профиталбилност. Британскиот „Окадо рителј“, за кој во минатото се веруваше дека е европски златен стандард за онлајн трговија со намирници, во изминатите години генерира троцифрени загуби од милион фунти. Според информациите од „Ројтерс“ компанијата очекува неговата технолошка дивизија да оствари доволно приходи и во следните пет до шест години да стане профитабилна на нивото пред оданочувањето.

„Окадо кустомер фулфимент центерс“ (ЦФЦ) ја користат „Крогер“ во САД, „Морисонс“ во ГБ, „Касино“ во Франција, „Собејс“ во Канада, „Колес груп“ во Австралија, „Ошан“ во Шпанија и Полска, како и „Ика групен“ во Шведска. Меѓутоа, можеби би било мудра оваа најава да се сфати со резерва. Неодамна се појавиле информации во британските трговски медиуми дека партнерот на „Окадо“ во заедничката инвестиција, „Маркс & Спенсер“ ка задржува исплатата од повеќе милиони фунти, откако партнерот за е – трговија „ не успал да ги исполни посакуваните цели“.

 Како најголеми препреки остануваат изборот на нарачките и ефикасноста на самото доставување. Студијата на компанијата „Баин & Компани“ дошла до заклучок дека моделите на онлајн продавниците за намирници со достава до домашна адреса, односно со „фулфилмент“ услуга ( сите активности од подготовка до испорака на стоката) можат да бидат исплатливи само ако се покриени со надоместок за достава од една стрна и испорака од потполно автоматизиран микро „фулфимент“ центар (МФЦ), од друга страна, кој наоѓа поблиску до крајниот купувач отколку што е случај со повеќето ЦФЦ. Според студијата, самата фулфилмет услуга по пат на  методот „клик анд колект“, може да биде исплатлива без надоместок за испорака благодарејќи на МФЦ. Тоа би можело да биде причината зошто францускиот малопродажен гигант „Ошан“ во последните пет години го удвои бројот на своите места за превземање на нарачките, на својот домашен пазар и зошто од тогаш го вовел ова решенија на неколку европски пазари.

Ниту еден од играчите на пазарот не го пронашол „светиот грал“ за куќната достава. Се чини дека само чешкиот „Рохлик груп“, кој покрај на домашниот пазар, работи и во Германија, Австрија, Унгарија и Романија, е на пат да ги постигне посакуваните бројки. Компанијата наводно веќе остварува позитивен оперативен приход за испораките во Минхен. Основачот на оваа компанија, Томаш Чупр, како причина за тоа ја наведува целосната автоматизација на складишните процеси, во кои годинава планираат да го интегрираат и растоварањето и товарењето на камионите. Според неговите зборови, основата за успехот е саморазвиената ИТ структура на компанијата, која им дава конкурентска предност во однос на другите онлајн конкуренти кога е во прашање ефективноста на „последниот чекор“, односно испораката на стоката до купувачот. Дури во 2019 и 2020 година, матичната компанија „Велика печка“, набрзо го достигнала прагот на профитабилност во Чешка, пред „Ролик“ да почне да инвестира во својата меѓународна експанзија.

 

 Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот.  Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...