Тетовската полиција: Граѓаните да не се вознемируваат, полицајци ќе вежбаат пукање

СВР тетово/ фото: МИА

СВР Тетово ги информира жителите на Полошкиот регион дека деновиве ќе се извршуваат вежби на полицајците на отворено за користење на огнено оружје. Предвидени се вежби на подрачјето и на Тетово и на Гостивар.

-Секторот за внатрешни работи Тетово на 7, 8 и 9-јуни во стрелачкиот центар „Еребино“ ќе врши боево гаѓање, што секоја година се врши со припадници на тетовската полиција, информираше денес СВР Тетово.

Според информацијата на СВР Тетово исто така, на 7 јуни во место викано „Мавровска брана“ во Маврово, на 8 јуни во ростушкото село Аџиевци и на 12 и 13 јуни во импровизираното стрелиште на местото викано „Рудина“ во село Волковија ќе се врши боево гаѓање и од страна на припадниците на гостиварската полиција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот