Кина побара независна истрага за Северен тек

Постојаниот претставник на Народна Република Кина во Советот за безбедност на ОН, побара покренување независна меѓународна истрага за разоткривање на причинителите на терористичкиот напад, во кој беше уништен гасоводот Северен тек.

Инаку, оваа иницијатива на кинеската дипломатија дојде истиот ден откако беше оценето дека преговорите помеѓу Кина и САД пробаднаа, односно дека посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен не ги даде очекуваните резултати.

Блинкен побара од кинеската страна да не ја помага Русија во војната со Украина, на што му беше возвратено дека НАТО е најголемиот виновник за избубнувањето на војната меѓу двете земји. Во меѓувреме беше објавено дека САД ќе иницира нови санкции врз кинеската економија.