Технички проблеми на повеќе гласачки места: 15 приговори за избирачкото право

На првата прес-конференција по почетокот на денешното гласање, првиот човек на Државната изборна комисија, Александар Даштевски информира дека сите избирачки места се отворени, а на неколку има технички проблеми кои тековно се решаваат.

Досега добиени биле 15 приговори за избирачко право, од кои само три се одбиени.

Како што информиравме претходно, излезеноста за вториот круг претседателски избори до 9.00 часот утрово е 4,17 отсто, согласно податоците од 1 009 избирачки места каде гласале 22 797 лица. 

08.05.2024 - 10:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега