ВИДЕО: Јагма за дожд во Мексико, жртвуваа кокошка во Сенатот за да заврне

Жртвувана кокошка во мексиканскиот Сенат во церемонија за дожд/Фото: Скриншот/Х

Кокошка беше жртвувана во средата, во мексиканскиот Сенат за да му ја понуди својата крв на древниот бог на дождот Тлалок, церемонија која предизвика бран на незадоволство и бес во земјата.

Невидената сцена беше емитувана на собраниските социјални мрежи, но беше прекината кога учесник, на звукот на тапаните, и го пресекол грлото на птицата и и ја собрал крвта во контејнер.

Церемонијата беше организирана од сенаторот Адолфо Гомес, член на владејачката партија Морена, а беше објавена од социјалните мрежи на Сенатот. Но, вечерта шефовите на органите се оградија од оваа иницијатива, ставајќи ја одговорноста само на конкретниот сенатор.

Законодавната власт „на никој начин не ги одобрува пријавените настани и ќе преземе соодветни дисциплински мерки против одговорниот сенатор“, се наведува во релевантното соопштение.

Гомес се оправдувал со цитирање на древните обичаи. Уставот на Мексико предвидува дека е соодветно да се „почитуваат традициите на домородните народи“ на земјата, нагласи тој додека зборуваше за новинарите.

Здруженијата за заштита на животните напротив потсетија дека жртвите и малтретирањето на животните се забранети во Мексико Сити.

Организацијата Anima Naturalis Mexico преку платформата за социјално вмрежување X објави дека ќе преземе правни мерки против сенаторот и дека повикува на демонстрации денеска пред Сенатот за да побараат оставка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот