Честитка од Џафери до српската заедница по повод празникот Свети Сава

Претседателот на Собранието Талат Џафери од свое лично име и од име на пратениците упатам честитки по повод Св. Сава – националниот празник на српската заедница во Република  Македонија.

-Верувам дека овој празник, кој што воедно е и неработен ден за граѓаните на српската заедница во Република Македонија, ќе го поминете опкружени со луѓе кои ви се драги и блиски, кои ве почитуваат Вас, го почитуваат празникот и ликот и делото на Св. Сава, како прв српски архиепископ кој што оставил неповторлив белег во растот и развојот на духовниот живот на српската заедница, меѓутоа и на писменоста како трајна вредност, наведува Џафери.

Упатувајќи желби за убав празничен ден, поминат во мир, спокој и семејна благосостојба, тој посочува дека земјава е пример за тоа како се гради соживот меѓу различни етнички заедници со взаемна почит и разбирање.

-Република Македонија, нашиот заеднички дом, е земјата во која сите ги изразуваме нашите посебности најдобро што можеме и во хармонија со сите други заедници, со взаемна почит и разбирање. Тоа е единствениот начин за опстанок, напредок и безбедност за сите што сме дел од оваа заедница која колку и да е млада, сепак се посочува како пример за тоа како се гради соживот. Тоа е заслуга на сите нас и затоа изразувам висока почит, се наведува во честитката од Џафери.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер