Притворено лице кое лажно се претставувало како вработено во АНБ и изнудувало пари и накит од управител на фирма

Едно лице е осомничено дека претставувајќи се лажно како вработено во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) со уцени и закани успеало од управител на фирма да изнуди пари, накит и автомобили во вредност од 180 000 евра, соопшти Јавното обвинителството на Република Северна Македонија. 

Основото јавно обвинителство Скопје отворило истрага против осомничениот, чиј идентитет не е наведен, и го товари за кривичните дела изнуда и лажно претставување, според членовите 258 и 391 од Кривичниот закони. 

„Во период од 14.12.2023 до 05.04.2024 година, пријавениот лажно се претставувал како службено лице – вработен во Агенцијата за национална безбедност и со сериозни закани присилил едно оштетено лице да му даде пари, накит, автомобили и други добра во вкупен износ од околу 180.000 евра“, се вели во соопштението на Обвинителството.