Рагник потврди: Разговарав со Баерн Минхен

Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Toмас Тухел на крајот од сезоната ќе го напушти Баерн Минхен кој е во потрага по негов наследник. Во јавноста се појави името на Ралф Рагник кој сега потврди дека контакти постоеле.

Рагник во овој момент е селектор на репрезентацијата на Австрија, но не ја исклучува можноста да седне на клупата на Баерн.

„Да, точно е дека бев контактиран од Баерн. Веднаш го известив Фудбалскиот Сојуз на Австрија. Во овој момент мојот фокус е на Европското првенство. Разговаравме, но засега нема ништо конкретно. Баерн прво треба да ми потврди дека ме сака и да испрати конкретна понуда, потоа јас ќе видам дали воопшто го сакам тоа“, изјави Рагник.

Во минатото Рагник во клупската кариера имаше една неуспешна епизода во Манчестер Јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот