[ФОТО] Џејми Оливер отвори ресторан во соседството: Погледнете како се движат цените на менито

Точка

09/04/2024

11:57

9.626

Големина на фонт

а а а

Познатиот британски готвач Џејми Оливер е познат по своите ресторани отворени низ целиот свет, а сега отвори и ресторан во нашето соседство - во Белград.

„Белград, отворени сме. Големи честитки до целиот мој тим кој штотуку го отвори мојот прв ресторан во Србија. Локацијата е прекрасна, во срцето на Белград на вода, на брегот на реката Сава“, напиша тој неодмана во објава на Инстаграм Стори.

Ресторанот „Jamie's Italian Serbia“ сега е официјално отворен, а се наоѓа на шеталиштето на Сава, во Белград (точната адреса е Херцеговачка 14). На официјалната веб-страница пишува дека ресторанот е отворен секој ден од 11 часот до полноќ.

Што се нуди и кои се цените?

Ресторанот нуди мени со различни специјалитети од италијанската кујна по рецепт на овој британски готвач - пиците, на пример, се движат од 7 и пол до 13 евра. Најевтино главно јадење се равиоли со тартуфи за 8,30 евра, за најскапиот ќе треба да потрошите околу 23 евра, а тоа е стек со путер од тартуфи, портобело печурки и кијанти сос.

Во понудата се различни тестенини од 8,30 до 15 евра, а месни јадења како плескавици, пилешко и стек се движат од 10 до 24 евра. Менито вклучува салати и разни прилози, а нудат и десерти чии цени се движат од 4,65 до 6,50 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг