Насловна / Архитектура / Известување за успешно гласање за измена на Статутот на ААМ

Известување за успешно гласање за измена на Статутот на ААМ

Претседателот на Собрание на Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ, Искра Јанковска – Михајловска ги информира и им се заблагодарува на членовите на ААМ кои на 23 април 2024 (вторник) гласаа за измените на Статутот.

Од ААМ известуваат дека на состанокот имало кворум и дека од 94 запишани членови со право на глас, гласале 50 члена и сите гласале „ЗА“, со што законски може да се направат измени во Статутот на ААМ и во иднина сите гласања да се спроведуваат електронски.

Кога процедурите во Централен регистар ќе бидат завршени, ќе се објават датумите за поднесување кандидатури за нов Управен Одбор на ААМ.

Испрати коментар

Scroll To Top