logo
logo
logo

Хамас ја поздравува резолуцијата на ОН која повикува на прекин на огнот во Појасот Газа

Vecer | 25.03.2024

Хамас ја поздравува резолуцијата на ОН која повикува на прекин на огнот во Појасот Газа

Израелските медиуми јавуваат дека Хамас му се заблагодарил на Советот за безбедност на ОН за ваквата одлука и повикал на „траен прекин на огнот што ќе доведе до повлекување на сите ционистички сили од Појасот Газа и враќање на раселените во домовите што ги напуштиле“.

Палестинскиот амбасадор во ОН Ријад Мансур изјави дека усвоената резолуција мора да биде пресвртница за ставање крај на агонијата на жителите на Појасот Газа.

„Го поздравуваме вашето единство во повикувањето на итен прекин на огнот. Тоа мора да биде пресвртница. Мора да спаси животи. Мора да сигнализира крај на овој криминален напад врз нашиот народ“, рече палестинскиот амбасадор.

Војната започна откако палестинските екстремисти предводени од Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел на 7 октомври.

Според израелските медиуми, тој ден околу 3.300 „терористи“ влегле во Израел по копно, море и воздух и убиле околу 1.200 луѓе и киднапирале 253 заложници, од кои повеќето цивили. После тоа започна војна во која се убиени повеќе од 32.000 Палестинци, главно жени и деца.

Во соопштението на Хамас се додава дека паузата во борбите е потребна за закопување на „мачениците“ кои со месеци останаа под урнатините и за пристап до хуманитарна помош.

Хамас, исто така, го повика Советот за безбедност да изврши „притисок врз окупаторот да се придржува до прекинот на огнот и да ја запре геноцидната војна и етничкото чистење“ на палестинскиот народ. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk