„Женски круг”1 – Осми март на еден поинаков начин

28.02.2024 10:20
„Женски круг”1 – Осми март на еден поинаков начин

На 8-ми март, петок, во Europe House Skopje (Св. Кирил и Методиј 52б, Скопје 1000), од 17:30 до 19:30 часот, ќе се одржи медитативна работилница насловена „Женски круг” предводена од Марина Анчевска и Дороти Пачкова.

Поинаков 8 март, женска енергија, наша и на нашите предки

Почни од себе

Сакате да го подигнете вашето постоење, живеење, кариера, односи и што ли не, на едно повисоко ниво?
Тогаш најсоодветно е да почнете од себе.

Ова го изјавуваат оние кои толку многу направиле и прават, за себе и за другите, зошто на секое следно скалило, штом станува најстрмно, секогаш и секогаш се враќаме на себе, на сопствените сили, на својата нежност, на ресурсите и резилиентноста, внатре во самите нас.

Ова е првиот „Женски круг” во Македонија, креиран и воден од две жени кои своите животи си ги имаат обликувано од срце и со свои лични капацитети.

8 март е најженскиот ден во годината, а ние решивме да ве почестиме токму преку преиспитување на сопствената семејна женска линија.

На овој презначаен ден, сме се дружеле, сме говореле јавно, сме марширале, сме плачеле, сме се смееле, не можеле да затворат игротека од нас и нашите најмали и најмили, сме седеле до фајронт во кафеана, сме говореле во Влада, сме споделувале поезија и триумфи на жените од минатото, сме триумфирале и самите, сме аплаудирале едни на други, сме изложувале, сме обучувале, сме се журкале и сме биле тука една за друга на различни начини, сме делеле торта и вино... сѐ уште трчаме да стасаме на сите настани на нашите колешки...

Но никогаш не сме посветиле два часа за мирување и истражување на сопствените капацитети.

Па ајде, заедно, овој 8 Март да го направиме длабоко корисен за самите себе, да создадеме „Женски круг”.

Што е „Женски круг”?

„Женски круг” е свето и безбедно место создадено наменски и со намера, а на првиов круг намерата е да почнеме од почеток, со работата на себе.

Женски кругови се прават секаде во светот, од најдамнешни времиња, од предисториско доба и ова е најмоќниот начин за брзо поврзување со себе, своите емоции, својата интуиција, своето тело и најисконска природа.

Преку женскиот круг, ја достигнувате личната слобода и супериорност-квинтастичност, со наша поддршка.

-Држиме простор една на друга, една за друга и една со друга.

-Преку вежба осознаваме кои се емоциите на нашите предки кои сѐ уште ги живееме, кои заплети, трауми, емоции имаме потреба да ги ослободиме а кои ги препознаваме и ги ставаме во наша сопствена служба.

-Ослободуваме сѐ што носиме, осветлуваме слепи точки, но и ставаме под рефлектор светлосни комети кои имаат за цел да нѐ вивнат.

-Кокреираме водена медитација само за потребите на учесничките.

-Шириме полиња благодарност за продлабочувањето во себе си, а со цел живеење посуштински и со многу љубов.

Она кое го добивате од „Женскиот круг”:

-спознавање на себе

-конекција со другите жени, женско заедничарење на целовит начин

-станувате слушнати, видени, прифатени

-се себеисцелувате на најразлични нивоа

-се конектирате со универзалното квантно поле на севозможности

-добивате суперчовечки - квинтастични моќи

Заинтересираните можат да се пријават на линкот

За водителките:

Марина Анчевска 

Сопственик и Извршен Директор на Центарот за Бизнис Психологија, Системски и НЛП, Југоисточна Европа.

Прв НЛП Мастер Тренер во регионот на Југоисточна Европа сертифицирана од најреномираниот НЛП универзитет во Америка, директно од неговите основачи, Robert Dilts и Judith DeLozier

Меѓународно признат НЛП Мастер Тренер со единствен стил на обука, инспирирајќи и охрабрувајќи ги луѓето да направат долготрајни промени во нивниот професионален и личен живот. Бизнис и личен коуч кој нуди единствена комбинација на методи и техники за оснажување на потенцијалот и ангажирање на луѓето за подобрување на перформансите, за учење и раст со цел постигнување на предизвикувачки цели за личен развој и агенди за деловно работење, за таргетирање на потенцијалот на поединците за подобро достигнување на целите на компанијата и за обезбедување вистинско подобрување во однесувањето на поединците, сите засновани на долгорочно искуство и на меѓународно ниво и во Македонија.

Дороти Пачкова 

Авторка, М-р. Родова експертка, Холистичка Консултанкта, НЛП Практишнер Мастер, Водителка на женски кругови, Кеј Ноут Спикер, Консултантка за постигнување квинтастичност-суперчовечност и спиритуална номадка од најрана возраст.

Покрај интелектуалната наобразба, формална и неформална, паралелно и духовно се себеоткрива, истражува и открива нови начини за манипулирање на сопствената енергија.

Иако има над стотина дипломи, сертификати, признанија, пофалници, државни, регионални награди и е добитничка на над 30 награди за Жена на годината, Социјален Импакт, Социјална инклузија, Родова еднаквост, Феминизам и Лидерство, Претприемништво, Современо водство, Активизам, иако е самата Професорка по Родови науки, за себе вели дека е вечна ученичка на овој свет.

Авторка е на плејада дела, истражувања, анализи, публикации, прирачници, дидактички материјали.

Огромното животно искуство, академско и теренско, го практицира и преку креирање и имплементација на мноштво авторски проекти, повеќегодишни и децениски, во земјата и интернационално.

Низ истите создава работилници за родова еднаквост, личен развој, запознавање на себе, водени медитации, Divine Feminine, Bereginji dens, Женски кругови, ембодимент, свесно живеење, страствена работа, мајчинство, водство за жени лидерки, слобода за девојки и жени, економска слобода, емотивна интелегенција и многу други... најдраг и е програмот и унифицираната формула за Квинтастичност, преку која ги обединува сите создадени работилници од изминатата деценија.

Од оваа Квинтастична формула, потекнуваат најновите, Картички за Интуитивно Деловно работење, 3 Прирачници и Дневникот Планер за Квинтастичност.

Се создадено и во вечно пресоздавење, направено е со океанска љубов, за секоја една да може да ги живее тука и сега, и своите најлуди соништа.

Биди и ти дел од квинтастичноста-суперчовечноста на жените од нашето време.

Дороти и Марина,

Со океанска љубов,
за секоја една да може да ги остварува своите најлуди соништа

Бонус:
+38971936497 Приклучи се на Вибер група за квинтастично обединување

ОкоБоли главаВицФото