Стојчевски од ЗНАМ: Имаме мерки и политики за подобрување на здравствениот систем

фото: Фејсбук ЗНАМ

Знам дека најголема грижа на секој од нас е здравјето на нашите деца, нашите родители и нас самите. Една од најголемите предизвици со кои се соочуваме е состојбата на здравствениот систем во нашата земја. Официјалната статистика открива дека имаме само 270 лекари на 100,000 жители, што е за 22% под просекот на Европската Унија. Исто така, последните десет години губиме околу двеста лекари годишно, што е приближно ист на бројот на студенти кои завршуваат медицински факултети. Ова е сериозен проблем кој бара нашата веднаш на реакција и акција, изјави Даниел Стојчевски, носител на кандидатската листа на ЗНАМ во ИЕ 2

Ние од Движењето ЗНАМ имаме мерки и политики кои ќе ги подобрат условите во здравствениот систем. Најпрво, ние ќе работиме на зголемување на бројот на лекари, со фокус на инвестирање во образованието и обука на нови лекари, како и со создавање на услови за задржување на постоечките. Исто така, ние ќе се обидеме да ги поттикнеме младите да се вклучат во медицинската професија преку програми за стипендии и обука.

Конкретни мерки од нашата програма се:

-Зголемување на платите на докторите за 20 проценти
-Зголемување на платите на медицинските сестри и другиот медицински персонал за 50 проценти
-Бесплатен здравствен систем за сите граѓани на државата
-Креирање на здравствен систем кој ќе ги лекува пациетнтите и нема од нив да прави клиенти
-Еднаков пристап до здравствени услуги на сите граѓани по нивен избор.
-Подобрување и реновирање на сите здравствени објекти во Македонија.

Освен тоа, ќе се фокусираме на подобрување на здравствената инфраструктура и пристапот до здравствени услуги за сите граѓани, особено за оние во руралните области. Ја Споделуваме и вашата загриженост за ниските нивоа на наталитет и високата стапка на смртност, и затоа ќе се фокусираме на програми за здравствено образование“,  рече Стојчевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот