Фото на Мундијалот: Херојот си замина без трофеј, но остави неизбришлива трага!

Ракометната селекција на Хрватска беше толку блиску, но сепак далеку до ново светско злато. Во финалето во Осло моќната Данска ја продолжи доминацијата и го освои четвртата светска титула во низа.

Ова беше прв медал за хрватските ракометари на Светските првенства по бронзениот медал во 2013 година во Шпанија, а вкупно шести, вклучувајќи го и четвртиот сребрен медал. Со финалниот натпревар Домагој Дувњак официјално се прости од репрезентацијата, а на крајот од натпреварот Данците направија гест за пофалба.

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Гест за пофалба на Данците – се „тргнаа“ за Дувњак да го даде последниот гол за Хрватска!

Дувњак се збогува од хрватската репрезентација со девет освоени медали и ќе остане запаметен како еден од најголемите хрватски спортисти на сите времиња. Покрај овој медал Дувњак во репрезентативната кариера освои сребро на Светското првенство во 2009 и бронза на Светското првенство во 2013 година, а на Европските првенства има три сребрени (2008, 2010, 2020) и две бронзени одличја (2012, 2016). Покрај сето ова, освои бронзен медал на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.

Своето деби за Хрватска го имаше во 2006 година и одигра повеќе од 260 натпревари, што го прави рекордер по бројот на настапи, а воедно е и најдобар стрелец на сите времиња во националниот тим. Можеби си замина без трофеј, но дефинитивно остави неизбришлива трага во хрватскиот ракомет.