Лидија Димова со обвинувања против Заев: Од мене беше побарано да ја повлечам кривичната пријава

Лидија Димова во изјава за неделникот „Фокус“ обвинува за притисок од страна на поранешниот премиер, Зоран Заев и негова советничка.

Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми, во изјава за „Фокус“ наведува дека и е вршен притисок за да биде повлечена пријавата која од нејзина страна е поднесена за проневера на 2,2 милиони евра.

Во април 2020 година, од владата ми беше доставен „поздрав“ со листа на проекти што требаше да ги „пуштам“. Во јуни 2020 година, тогашниот премиер Зоран Заев – во присуство на Нола Исмајлоска – од мене побара да ја повлечам кривичната пријава.

Целата вест можете да ја прочитате на следниот линк.

За потсетување, во текот на вчерашниот ден, директорот на Националната агенција, Марко Ѓоргиевски посочи дека нашата држава треба да исплати 2.2 милиони штета за проневери кои се правени во периодот од 2016 до 2018 година.

Лидија Димова пак е разрешена од директорската функција на Агенцијата на 30 октомври 2020 по скандалот за проектите кои се одобрувани за време на нејзиниот мандат. Во тој период,  Јавното обвинителство против неа и уште неколку лица отвори истрага по поднесена кривична пријава од Финансиската полиција. Против неа беше отворена истрага откако беше обелоденето дека во период од три години, Агенцијата доделува средства за фризерница, чиј сопственик истовремено бил и надворешен експерт, ангажиран од страна на институцијата.