Зеленски побара Конгресот на САД да ја деблокира помошта за Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски побара од претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон „брзо усвојување“ на воената помош наменета за земјата.

Американската помош е блокирана во Конгресот од минатата година од страна на републиканците.

Џонсон, кој одредува кои нацрт-закони ќе бидат ставени на гласање во Претставничкиот дом, неодамна изјави дека ги испитува начините како да и помогне на Украина, додека Сенатот веќе одобри помош од 60 милијарди долари.