Кремаст и вкусен, одличен доколку постите: Рецепт за ѓувеч којшто се подготвува за 20-на минути

Точка

26/03/2024

21:00

10.342

Големина на фонт

а а а

Доколку постите и немате идеја за ручек, тогаш оваа сигурно ќе ви се допадне.

Во текот на постот понекогаш ни недостасуваат идеи и тешко ни е да смислиме што да зготвиме, а во тоа јадење да можеме да уживаме.

Токму поради тоа ние ви ја пренесуваме идејата за овој прекрасен ручек којшто брзо се подготвува и е исклучително вкусен.

Овој ручек е навистина едноставен, а сите состојки веројатно веќе ги имате во вашата кујна.

Состојки:

- 1 главица кромид;
- 1 праз;
- 1 конзерва домати;
- 2 моркови;
- 1 мешавина зеленчук (може мексикански);
- 2 шолји ориз.


Подготовка:

Во тенџере ставете малку вода, па додадете ги ситно исечканиот кромид и празот. Потоа додадете ги морковите кои сте ги изблендирале или изрендале.

Кога ќе омекнат додадете ја мешавината од зеленчук, додадете две чаши вода, па оставете смесата да крчка. Посолете и додадете зачини по вкус.

Во друг сад сварете го оризот. Кога ќе биде готов исцедете ја водата и спојте го оризот со зеленчукот, па ставете ги состојките во огноотпорен сад и прелијте ги со доматите. Ставете го садот во рерна на 220 степени Целзиусови околу 15 минути да се запече.

Послужете го ѓувечот со салата, еднакво е вкусен и додека е топол, но и ладен.

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг