МЗШВ: Производителите на пролетна зелка можат да бидат спокојни, предвидуваме мерка за нивна поддршка

Како одговорно министерство кое секогаш води искрена грижа за секој еден земјдоелец, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и овој период, во постојана комуникација е со земјоделците и трговците на пролетната зелка, со цел правилно информирање и креирање на соодветни политики за одржливосто на земјоделското производство, соопштуваат од МЗШВ.

Високите пролетни температури, во еден дел, направија пореметување на пазарот и пласманот на пролетната зелка, што резултираше со негативно движење на пазарините цени, предизвикувајќи загуби на земјоделците.

МЗШВ сите овие изминати години, докажа дека води грижа за земјоделското производство и земјоделците. Никој земјоделец не бил оставен сам и заедно, со конкретни мерки, сме го надминувале секој проблем.