Шпаркасе Банка и Влатко Стефановски трио со незаборавен концерт во Битола

На 12.3.2023 година, Битола беше домаќин на уникатно музичко доживување со Влатко Стефановски трио, во покровителство на Шпаркасе Банка АД Скопје. Присутните во Народниот театар во Битола уживаа во неколкучасовниот концерт, а по завршувањето, настанот продолжи во пријатна атмосфера и дружење. Корпоративниот настан беше организиран за клиентите од регионот, како резултат на посветеноста на нивното задоволство и поддршка на нивните цели.

Пред присутните гости свое обраќање имаше претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка, господинот Санел Кустурица.

„Вечерва ја прославуваме нашата посветеност, вашата доверба и заедничкиот успех. Ве имаме вас, околу четиристотини присутни гости, и една од најголемите музички ѕвезди, нашиот драг Влатко Стефановски со својот бенд, кој оваа вечер ќе ја направи незаборавна. На сите претставници од сто и десет компании, со минатогодишен збирен промет од над една милијарда евра и вкупен број од повеќе од 15.000 вработени, ви честитам на фантастичните резултати и ви посакувам понатамошни успеси и во иднина“, изјави господинот Кустурица. Тој, исто така, ги нагласи и импресивните резултати на Шпаркасе Банка во изминатите години, со фокус на кредитниот раст како резултат на поддршка на инвестиции и проекти.

Шпаркасе Банка остварува долгогодишна соработка со музичкиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски, кој со својата работа и посветеност оставa траен белег во македонската културна историја. Тој, како синоним за талент, квалитет и професионалност, е бренд-амбасадор на Банката, личност што верува во себе и во својот сон и успешно ја пренесува пораката кон луѓето да веруваат во себе и во својот потенцијал.

Ваквите луѓе се наша вечна инспирација и затоа продолжуваме да ги поддржуваме сите оние што сакаат и имаат сила да ги менуваат нештата кон подобро. Културата и културните настани ја обединуваат заедницата, а како банка, преку поддршка на настани од ваков карактер, придонесуваме кон градење подобро општество за сите.

Задоволството на клиентите, на вработените и на соработниците е водечка цел на Шпаркасе Банка, како и вложувањето во заедницата, културата и во иновативните идеи што го движат светот напред, кон подобра иднина. И понатаму остануваме силно посветени на целта да обезбедиме поквалитетен живот за сите во нашето општество.

#ВерувајВоИднината

реклама

Живот

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Read more

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Read more

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Read more
 

Магазин

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе

4 несакани последици кои може да се јават ако јадете премногу леб

Читај повеќе