Македонија

Уште неколку дена до втората Конференција за недвижности

09 мај 2024

Поттикнати од успехот постигнат на првата конференција, ја најавуваме втората Конференција за недвижности на 22 мај во Скопје, во DoubleTree by Hilton Skopje. Конференцијата е иницирана и во организација на ФОРТОНМКА, а ко-организатор е маркетинг агенцијата „Кликер маркетинг“.

И годинава Конференцијата за недвижности ќе понуди одлична програма и врвни експерти, затоа што силно веруваме во моќта на соработката и во најважната движечка сила на индустријата за комерцијален недвижен имот - луѓето.

Ваков тип на конференции се клучни за поттикнување на соработки, а средбата лице во лице е секогаш најдобра основа за идна комуникација. Настаните од ваков карактер се одлична можност  да се покажете кои сте, да видите и запознаете “кој е кој” и често на среден и долг рок се одличен начин за економски придобивки. 

Во оваа насока, повторно на иста сцена ќе седнат сопственици, претставници на најголемите компании учесници во создавањето на пазарот на недвижности од земјaта и регионот да разговараат за истите проблеми и да се најде начинот на нивно решавање.

Агенда на панел дискусии:

  1. Финансирање на инвестициите во комерцијалeн недвижен имот.

Како финансиските институции реагираат на економската несигурност?

Како банките ја проценуваат профитабилноста на инвестициите во комерцијални недвижности и

важноста на финансиските модели.

Пристап до алтернативно финансирање.

 

  1. Урбанизација и урбанистичко планирање.

Градско урбанистичко планирање низ извонредни пример.

Како комерцијалните недвижности го обликуваат пејзажот на градот?

POWERED BY: ГРАНД СКОПЈЕ

 

  1. Инвестиции во хотелски капацитети.

Зошто инвеститорите имаат делумно разбирање и прифаќање на хотелскиот

сектор како можност за инвестирање накапиталот?

 

Подобро да ги разбереме можностите за инвестиции во хотелски капацитети како

комерцијален недвижен имот.

 

  1. Бизнис згради.

Не само работно место, туку бизнис модел.

Развивање на бизнис зградите како имоти со стабилни приходи.

 

  1. Сектор малопродажба.

Изградба на различни формати за малопродажба со цел да се одговори на потребите на заедницата.

Дали постои совршен микс на закупци за секој формат?

 

  1. Пазар на станбен простор.

Што може да се направи за поодржлив развој на пазарот на станбен простор?

Одговорноста што мора да се сноси.

 

Голема благодарност до поддржувачите на овогодинешниот настан:

Главен спонзор: Гранд Скопје

Залтен спонзор: Elena Luka Home

Сребрени спонзори: Халкбанкa АД Скопје, Еуролинк Осигурување, Delight Office Solution, Knauf Macedonia, ZSF KOM, INET. Balfin Real Estate

Ексклузивен медиа партнер: Kapital Media Group

Пријатели на настанот: FAKTORMK, InStore – Macedonia, Inovativnost

 

Иницирана од: Forton Macedonia

Ко-Организирана од: Kliker Marketing

Регистрирајте се преку нашата веб-страница и обезбедете место на Конференцијата https://realestateconference.mk/

За повеќе информации обратете се на: Мери Каталиниќ на 071 262 441 или на meri@kliker.mk

 
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...