Дрвените куќарки четири месеци стојат на плоштадот
Објавено во: Македонија 14 Април, 2024
Пред четири месеци беа поставени, а уште никој не ги тргнува дрвените новогодишни куќарки кои Град Скопје ги стави на Плоштадот Македонија.
Не се користат и го узурпираат просторот на најфреквентниот плоштад и нема одговор зошто куќарките поставени за продавање новогодишни украси уште стојат на истото место.
Овие реквизити беа поставени на плоштадот на десетина дена пред Нова година. Празничните украси низ градот стоеја се до март.