Иако најверојатно никогаш нема да го признае тоа, секој родител е среќен кога ќе слушне дека неговото дете е над просекот или поуспешно во нешто од неговите врсници. Истото важи и за неговата интелигенција. Како што објаснуваат психолозите, понекогаш дури и најнеобичните знаци може да укажуваат на тоа дека детето може да биде натпросечно интелигентно.

Еден од овие знаци е кога детето сака да поминува време со возрасните. Имено, родителите се грижат кога ќе видат дека детето не сака да се дружи со своите врсници, а наместо тоа, претпочита да поминува време со возрасни. Сепак, психолозите нагласуваат дека ова е еден од суптилните знаци дека детето всушност би можело да биде натпросечно интелигентно

Други знаци кои откриваат интелигенција кај детето го вклучуваат следново:

  • Извонредна меморија;
  • Ран интерес за читање;
  • Необични хоби и интереси;
  • Смисла за хумор;
  • Силна емпатија кон другите.

Извор



912

X