Полицијата дојде до нови информации за малата Данка, родителите на детето повторно во полиција

Девојчето Данка Илиќ (2) од Бор исчезна во вторникот во 13 часот и 45 минути во населбата Бањско поле, а како што дознаваар српските медиуми на лице место, полицијата го блокирала приодот до викендицата каде последен пат била видена малата Данка.

Сепак, како што неофицијално дознаваме, планот е целосно да се расчисти приодот кон ливадата, со помош на големи машини, а пристигнал и багер.

Тешките машини во моментов се на терен, иако бројот на полицајци засега е значително помал.

Како што дознаваат медиумите, полицијата добила нови информации, а од таму апелираат строго да се внимава на известувањето за да не се загрози истрагата и работата на ангажираните лица.

„Истрагата е прекината бидејќи полицијата дојде до нови сознанија, во моментов не може да се каже за што се работи, а во најбрз можен рок МВР ќе се огласи“ – изјави извор за српски Курир.

Родителите на исчезнатата Данка се повторно во просториите на полициската станица, но засега нема информации дали тоа има врска со состојбата на терен каде во моментов се бара земјиштето.

На лице место пристигнале пожарникари и спасувачи со приколка.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното