ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?
Објавено во: Економија 24 Април, 2024
Програмерите и натаму се на врвот според висината на платите.
Највисоката просечна бруто-плата за овој период е во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности и истата изнесува 142.410 денари.
Државниот завод за статистика (ДЗС) објава дека просечната месечна исплатена бруто плата по вработен во февруари е 58.967 денари.
Сепак, за живот на едно четиричлено семејство месечно му се потребни над 60.000 денари.