Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, продолжувам во вториот круг

Пендаровски вечерва рече дека по изборниот резултат нема да го зафати малодушност, дека продолжува понатаму во вториот круг. Вечерва порача дека изборните резултати од првиот круг не се такви како што очекувале во неговиот изборен штаб.

- Резултатите не се како што очекувавме. Од утре тргнуваме од нула и со средби со граѓани. Гласовите се поделија на повеќе страни поради многуте кандидати. Од утре продолжуваме на средби со граѓани. Ќе продолжам со истиот принцип како и досега, истакна Пендаровски на прес-конференцијата во хотелот Александар Палас.

Според Пендаровски, анализите ќе покажат „дали граѓаните го казнија него поради СДСМ“. Потенцира дека нема да има пауза, ниту одмор за него до вториот круг од изборите.