„КиВа”- метод со кој Финска го искоренува врсничкото насилство

12.01.2024 12:38
„КиВа”- метод со кој Финска го искоренува врсничкото насилство

Познато е дека финските училишта дадоа одличен пример што го следеа многу други земји. Тие станаа светски модел со креирање на програмата против врсничко насилство „Ки-Ва”. Оваа едукативна иницијатива е од витално значење.

Што претставува методот „КиВа”?

Методот „Ки-Ва” е креиран од страна на финското Министерство за образование. „Ки-Ва” или „Kiusaamista Vastaan”, на фински значи „против насилството”. Создаден е во 2007 година и истата година благодарение на овој метод случаите на врсничко насилство се намалени за 40 отсто. Дури 90 отсто од финските училишта веќе го имаат имплементирано и успеале да ги елиминираат случаите на малтретирање и насилство во училниците.

Целта е учениците да се освестат, да ги препознаат опасностите од врсничкото насилство и да почнат да ги бранат оние кои се жртви на малтретирање. Децата престануваат да бидат пасивни сведоци и знаат дека ако сите заедно се соочат со насилникот (наместо да набљудуваат), тој повеќе нема да му го направи тоа на ниту едно друго дете.

Програмата се заснова на интервенција и превенција, а еве како функционира:

Тие користат виртуелно поштенско сандаче каде што може анонимно да се пријават случаи на малтретирање.

Имаат учител на кој можат да му веруваат, бидејќи на децата на училиште им треба возрасна личност која ги слуша, разбира и се грижи за нив. За време на одмор, наставниците го следат нивното однесување.

Тие ја поддржуваат жртвата и ги сензибилизираат сведоците. Вкупно тројца стручни наставници се задолжени да ја смират жртвата и да водат дијалог со насилникот додека не се реши проблемот.

Тие интензивно и константно работат на емоциите и вредностите. Децата учат како да препознаат што чувствуваат нивните врсници преку невербален јазик и работат на развивање емпатија и почит кон другите.

Учениците кои учествуваат во програмата „Ки-Ва” добиваат околу дваесет часови во седмата, десеттата и тринаесеттата година. На овој начин, експертите можат да идентификуваат различни видови на малтретирање во зависност од возраста и да работат на негово прекинување.

Учениците се учат на емпатија преку различни игри и симулации. Во различните сценарија што им се дадени, тие треба да одберат какви активности ќе преземат и какви последици можат да произведат од тие дејства. На пример, во една игра, децата ги контролираат анимираните аватари. Во играта, можат да бидат сведоци на малтретирање на срамежлив ученик. Тие мора да одлучат дали и како ќе го бранат тој ученик. Постојат последици во зависност од тоа што ќе изберат да направат, што ја прави оваа игра авантуристичка.

На учениците исто така им се дава поддршка и повратна информација за тоа како да им пристапат на жртвите на малтретирање и да се уверат дека се добро. Игрите им овозможуваат да „вежбаат” да бидат фини и да знаат што да му кажат на некој што се чувствува исклучено или непожелно во групата. Ова ги подобрува способностите на учениците да бидат сочувствителни и да им пружаат поддршка на жртвите.

Настојувајќи директно да се занимаваат со однесувањето на насилникот, инструкторите на „Ки-Ва” често се многу креативни во нивните активности за играње улоги. На пример, лицето кое има поголема веројатност да малтретира, тие можат да го стават во позиција на жртва, и обратно.

Земји кои го спровеуваат овој метод во пракса

Поради својот успех, овој метод се применува и во други земји. Во 2015 година, првата фаза од имплементацијата на програмата „Ки-Ва” против насилство беше прифатена во Аргентина, Колумбија, Шпанија, Мексико и Чиле. Во тоа време, содржината на програмата беше достапна само на англиски јазик, па почна да се користи во двојазичните училишта. Други земји како што се Холандија, Обединетото Кралство, Германија, Белгија, Италија, Луксембург, Естонија, Шведска, Нов Зеланд и Унгарија исто така почнаа да го користат овој метод во некои од своите училишта.

Што треба да направите ако вашето дете е жртва на насилство?

Ако вашето дете ви каже дека го малтретираат, се препорачува да следите одредени упатства кои ќе ви помогнат.

Покажете им дека можат да ви веруваат. Тоа е најдобриот начин да се создаде клима на дијалог и разбирање.
Објаснете му на вашето дете дека ќе бидете тука за него без разлика на сѐ.

Известете ги наставниците на вашето дете за проблемот. Тие треба да бидат свесни за тоа што се случува во нивната училница и да пронајдат начин да го елиминираат тоа.

Покрај вашата поддршка, понекогаш се препорачува вашето дете да добие психолошка помош. Ова ќе им помогне подобро да се справат со ситуацијата.

Слика: Harry Campbell

Извор:https://lolamagazin.com

Слични содржини

Книжевност / Психологија / Живот
Психологија / Живот
Психологија / Живот
Книжевност / Психологија / Живот / Теорија

ОкоБоли главаВицФото