Парламентарното собрание на Совет на Европа се уште заседава за приемот на Косово

Парламентарното собрание на Советот на Европа попладнево во другиот дел од седницата ја разгледува препораката за прием на Косово во таа меѓународна организација. Предлогот се усвојува со двотретинско мнозинство од присутните членови.

Извештајот го презентира известувачот на Парламентарното собрание на Советот на Европа за прием на Косово – Дора Бакојани.

За учество на расправата беа пријавени 65 пратеници, а на текстот на предлогот за прием беа поднесени 15 амандмани.

Пред пленарната седница, Политичкиот комитет на ПССЕ ги отфрли сите амандмани на српската и италијанската делегација, кои се обидоа да го омекнат текстот на предлогот и да ја одложат одлуката за прием на Косово додека Советот за безбедност на Обединетите нации „не го утврди или одобри статус на Косово и Метохија“, пренесуваат медиумите од регионот.

Србија, исто така, побара предложениот текст да се промени, така што формирањето на ЗСО е предуслов за продолжување на процесот на разгледување на барањето на Косово за членство, а не „постпристапна обврска“, како што се наведува во препораката.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави деказа барањето на Косово денеска ќе се гласа во ПССЕ, но дека главната битка ќе се води на 16 мај, кога за тоа ќе одлучува Советот на министри. Тој изјави дека поради вмешаност на Франција оваа точка може да биде тргната од дневен ред, односно одлуката да се одложи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот