На интимната церемонија присуствувале членовите на семејството и најблиските пријатели. Двојката се запознала во ноември 2021 година, а само три месеци подоцна решиле да се верат.
Бредли се развел од првата сопруга неколку месеци претходно. Со оглед на тоа што венчавката се случила толку брзо, многумина Кристи ја запознале за прв пат на свадбата, објави Мирор.
По венчавката, парот се преселил во нова куќа во Мемфис и со нетрпение го очекувале нивниот луксузен меден месец, кој го закажале за подоцна во годината.
Пред да се пресели во Мемфис на студии, Кристи водела успешна пекара во Колорадо. Бредли бил вработен во ИТ одделот на непрофитна детска организација.
Иако многумина биле скептични поради нивната брза венчавка, на парот не им било грижа и во јули истата година заминале на меден месец на Фиџи, што било свадбен подарок од родителите на Криста. Тие резервирале сместување во луксузен хотел кој се наоѓал на приватен остров. Пејачката Бритни Спирс и нејзиниот тогашен сопруг Кевин биле на меден месец на истиот остров во 2004 година. По два дена уживање во овој хотел, персоналот се загрижил кога Кристи и Бредли не се појавиле на појадок и ручек на третиот ден.
Во попладневните часови, вработен отишол во нивната соба, а кога ја отворил вратата од бањата, го пронашле безживотното тело на невестата Кристи.
Телото ѝ било облеано во крв, а на телото имало повеќе видливи повреди, како и расекотини на вратот и лицето. Бредли го немало никаде.
Гостите на хотелот рекледека ги слушнале како се расправаат на вечерата претходната вечер, и дека подоцна слушнале врисоци од нивната соба.
Полициската истрага утврдила дека Бредли земал кајак и избегал на друг остров. Тој потоа бил пронајден и уапсен. Во моментот на апсењето, со себе ги имал пасошот, парите и личните работи, поради што верувале дека сака да избега.
Телото на Криста било во ужасна состојба и не можело да се балсамира за транспорт во САД, поради што таа била кремирана на Фиџи. Судењето се одржало на Фиџи во 2024 година, а Бредли тврдел дека отишол на соседниот остров за да ѝ даде време на сопругата да размисли за сѐ по расправијата. Но, Обвинителството тврдело дека тој си ги спакувал работите и сакал да избега, а часовникот и телефонот намерно ги оставил во просторијата за да не го следат преку ГПС.
Одбраната тврдела дека нема докази дека Бредли ја убил својата сопруга и дека нејзината смрт била несреќен случај. По судењето, тој бил прогласен за виновен за убиство.
Судот рече дека нема докази дека некој друг имал мотив да ја убие Кристи. Тој во февруари бил осуден на доживотен затвор. Ќе мора да одлежи најмалку 18 години затвор, а потоа да има право на условен отпуст.
„Вашето однесување по злосторството беше ужасно. По злосторството побегнавте и ја оставивте жртвата да умре беспомошно сама во собата“, рече судијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата