Заврши изборниот ден - гласачките места се затвораат во 19 часот

Во овие моменти се затвораат избирачките места на кои над еден милион и осумстотини илјади граѓани колку што се запишани во единствениот избирачки список, можеа да гласаат на првиот круг од седмите по ред претседателски избори и за еден од седумте кандидати.      . 

Генералната оценка за изборите од релевантните институции е дека тие поминале во мирна фер и демократска атмосфера без значителни нарушувања кои би можеле да наштетат на целиот изборен процес.