
Ќе продолжиме со состаноците со институциите кои треба да проценат кои се потенцијалните ризици од употребата на ТикТок и што има материјал на платформата, во начинот на негова употреба од учениците.
Јетон Шакири – Министер за образование и наука
Ако во институциите на безбедност се потврди дека неколку ТикТок видеа од ученици се процени како лоша причина за употреба на платформата, заедно со МИОА и АЕК и другите институции, ќе ги разгледаме сите можности во начинот на употреба на ТикТок како апликација, рече денеска министерот за образование и наука, Јетон Шаќири околу евентуалната забрана за користење на социјалната мрежа, за која се смета дека има негативно влијание врз младите и претставува ризик.
Шаќири информира дека некои од училиштата веќе почнале со редовни состаноци со родителите, но ќе почнат и средби со психолозите и педагозите.