Дали сте меѓу нив? Три реченици кои ги изговараат најсреќните парови

Пар, љубов
Фото: Profimedia

Квалитетната врска не е подарок што паѓа од небо. Експертите се согласуваат дека мора да се работи на секоја значајна врска во животот, а поединците кои се спремни да вложат време и труд во односот со партнерот се повеќекратно наградени, пишува „Дневник“.

Искрената комуникација е најдобриот совет за градење квалитетен однос. Затоа паровите кои ги користат овие реченици се сметаат за исклучително среќни и успешни.

„Како можам да ти помогнам?“

Замислете го ова сценарио – се враќате од работа по долга смена, уморни сте, гладни и под стрес. Сакате да се опуштите и сакате да ги споделите вашите проблеми со партнерот.

Но, во моментот кога ќе почнете да се жалите за вашиот ужасен шеф, за грубиот колега или за неразумните клиенти, вашиот партнер почнува да ви дава несакани совети: „Зошто се уште работиш таму?“, „Треба да ја напуштиш работата!“, „Ти реков дека тоа не е добра идеја“ итн.

Не претпоставувајте, туку прашајте го вашиот партнер како можете да помогнете. Во повеќето случаи одговорот ќе биде: „Ништо, доволно ми е што ме сослуша без да ме осудиш“.

Реченицата „Како можам да ти помогнам?“ има прекрасно влијание на врската и, дефинитивно, ќе ја зајакне. Но, имајте на ум дека тоа мора да се каже со искреност и љубов, а не со доза дрскост.

„Што мислиш со тоа?“

Ако сте во врска или брак со некого долго време, веројатно имате чувство дека можете да му ги читате мислите. Но, тоа не е вистина. Во секојдневниот живот често ги проектираме сопствените вредности и несигурности, што може да доведе до големи недоразбирања.

Во својата книга „Taking the War Out of Words“, авторката Шерон Странд Елисон објаснува како да се формулираат прашања без да звучат навредливо, кои откриваат навистина се чувствува и размислува другата личност.

Ако не сте сигурни за значењето на некои работи кои ви ги изговара партнерот, прашајте: „Што мислиш со тоа?“ Земете здив и поставете го прашањето со мирен тон. Користењето агресивни тонови ќе има спротивен ефект од посакуваниот.

„Ти благодарам“

Не дозволувајте вашето напорно секојдневие да ѝ пречи на вашата среќа.

Не заборавајте да му се заблагодарите на вашиот партнер. Тоа е толку мал, но толку важен гест што ќе направи другата страна да се чувствува ценето и сакано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот